Дома Трансфер зона Барса му нуди на Донарума 10 милиони по сезона

Барса му нуди на Донарума 10 милиони по сезона

Веќе започна борбата за потписот на Џанлуиџи Донарума, откако стана јасно дека голманот го напушта Милан како слободен агент.

Италијанските медиуми пишуваат дека Донарума е блиску до договор со Барселона, а „Тутомеркато“ објави дека минатата недела била испратена првата понуда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот Жоан Лапорта му понудил петгодишен договор на 22-годишниот чувар на мрежата со годишна плата од 10 милиони евра.

Лапорта е воодушевен од идејата да го ангажира Донарума без обештетување, а тоа ќе му отвори простор за продажба на Тер Штеген.

Интерес за Домарума покажуваат уште Јувентус и ПСЖ, но Барселона е најблиску до неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…