Дома Трансфер зона Барса и Атлетико се договорија – познати бројките од трансферот на Гризман

Барса и Атлетико се договорија – познати бројките од трансферот на Гризман

Барселона и Атлетико Мадрид постигнаа договор за трансферот на Антоан Гризман.

Како што потврди денеска еден од најсигурните каталонски извори, Атлетико Мадрид ќе го купи Гризман за 20+2 милиони евра, наместо претходно договорените 40.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гризман се врати во Атлетико по две слаби сезони во Барса, „јорганџиите“ тогаш се договорија за позајмица со обврска за откуп од 40 милиони евра.

Сепак, за да се активираше таа клаузула, Гризман мораше да одигра 50% од натпреварите, а Атлетико пресмета дека доколку Французинот игра по 30 минути по натпревар, во оваа втора сезона Мадрид нема да има обврска да го купи.

Барса не сакаше да го дозволи тоа, најмногу поради огромната плата на Гризман од 20+ милиони евра, што ќе го преоптовари буџетот доколку се врати. Исто така, бидејќи Гризман не сакал да се врати во Барса, се согласил на дополнително намалување на платата, за Атлетико да може да си го дозволи.

Догорот кој во овој момент како што стојат работите им одговара на сите ќе биде официјализиран пред Мундијалот во Катар. Ќе потсетиме, Барселона во 2019 година на Атлетико за Гризман му плати 120 милиони евра, сега добиваат дури 100 помалку, меѓутоа беа под притисок да се ослободат од неговата голема плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…