Дома Трансфер зона Барса и Атлетико се договорија: Гризман ќе може да игра цел натпревар

Барса и Атлетико се договорија: Гризман ќе може да игра цел натпревар

Aнтоан Гризман сезонава не започна ниту еден натпревар од првата минута затоа што Атлетико Мадрид не сака да и плати на Барселона за него.

Гризман се врати во Атлетико пред една година од Барселона на двегодишна позајмица, но „јорганџиите“ се должни на крајот од оваа сезона да го откупат за 40 милиони евра. Во Атлетико сака да избегне такво сценарио и не сака да плати толкава сума за Французинот кој во минатата сезона не играше како што се очекуваше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сезонава тој на ниту еден натпревар не одигра повеќе од 30 минути затоа што Атлетико најде „дупка“ во договорот со Барселона. Имено, ако Гризман игра помалку од половина час на секој натпревар тогаш не се должни да платат за него. Во сите досегашни натпревари Гризман влегуваше околу 60. минута што само е потврда за оваа информација.

Во Барселона пак сметаат дека во секој случај Атлетико е должен да исплати 40 милиони евра и најавуваа тужба. Сепак сега ситуацијата изгледа се променила. Наводно клубовите се блиску до договор за нов договор за цената на Французинот. Според тој нов договор Атлетико на Барса ќе и плати 25 милиони евра, а не 40.

Диего Симеоне и раководството на клубот очигледно успеаа во својот план и по официјализирањето на договорот Гризман ќе може да има нормална минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …