Првата трансфер цел на Барселона во зимскиот преоден рок е напаѓачот на Манчестер Сити, Феран Торес.
Чави силно го посакува шпанскиот репрезентативец во јануари, бидејќи сака да го засили нападот, а и самиот играч сака да се врати во Шпанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона веќе има комплетен договор со Феран Торес, но преговорите со Манчестер Сити се во застој. Каталонците нудат 45 милиони евра, додека „граѓаните“ бараат најмалку 60 милиони евра за слободата на напаѓачот.
Каталонските медиуми пренесуваат дека како алтернатива Барселона го сака Хаким Зијех, кој е спремен да го напушти Челзи бидејќи не е задоволен од својот статус.
Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која веќе почнала преговори со Челзи за позајмица со право на откуп. Чави смета дека Мароканецот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
🚨 Barcelona have agreed personal terms with Ferran Torres over a move from Manchester City and he is still the priority.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 20, 2021
However, Barça will target Hakim Ziyech from Chelsea if they cannot agree a fee with Man City for Torres.
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/IRPg0GvI8f