Дома Топ вести Барса го притиска Де Јонг да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед

Барса го притиска Де Јонг да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед

Барселона го притиска Френки де Јонг да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед, пренесуваат шпанските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го привлечат Холанѓанецот и веќе испратија понуда вредна 80 милиони евра, која беше прифатена од Каталонците. Од „Камп Ноу“ се надеваат дека трансферот ќе биде финализиран што е можно поскоро, бидејќи имаат финансиски проблеми.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Ова ќе му овозможи на клубот да биде многу поактивен на трансфер пазарот и ќе може полесно да ги финализира зделките за кои преговараше во последните недели.

26-годишниот Де Јонг е приоритет на „црвените ѓаволи“. Лично, новиот менаџер Ерик тен Хаг инсистирал да го привлече и газдите на „Олд Трафорд“ прават се што е можно да го реализираат трансферот.

Барса и Манчестер Јунајтед веќе си подадоа рака за трансферот, но Де Јонг се уште не им дал конечен одговор на Англичаните. Се чини дека ова ги иритира двата клуба, кои сакаат зделката да се финализира што е можно поскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…