Не е тајна дека Барса во претходните два трансфер периоди се обиде во своите редови да го доведе фудбалерот на Челзи, Вилијан.
Челзи упорно ги одбиваше нивните понуди, па Бразилецот така остана во Лондон, но Барса се уште не ги крена рацете од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот договор со „сините“ истекува следното лето, прашање е дали ќе ја продолжи соработката, особено поради тоа што во Челзи се свртија кон младите играчи. Барса тоа може да го искористи и конечно да го доведе Бразилецот во своите редови.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона ќе испрати нова понуда во јануари, бидејќи во Вилијан гледа замена за Филипе Кутињо.
Овој пат Челзи би можел да ја прифати понудата, бидејќи Вилијан за шест месеци ќе биде слободен да замине без обештетување.
Barcelona want Chelsea star Willian on free transfer – after failing with big-money move https://t.co/wAgbbJjtvJ pic.twitter.com/sFf3GYXudV
— Football Headlines (@foothlines) October 1, 2019