Марио Балотели изгледа дека созреа и сега повторно е мета на големите клубови и тоа од неговата Италија.
„Супер Марио“ ја заврши мисијата во Ница, двете одлични сезони го вратија на листата желби на неколку големи клубови. Италијанецот има неколку понуди, но наводно чека да се ослободи место и сака повторно да игра во голем клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овие момент двете најреални опции доаѓаат од Серија А.
Една е Рома, која би можела да остане без Един Џеко, а втората Интер, ако замине Мауро Икарди.
Интер веќе го обезбеди Лаутаро Мартинез, но потребен му е уште некој поискуен играч, а ќе видиме дали Интер ќе сака да го врати Балотели кој професионалната кариера ја започна токму во Милано.
Се споменуваше и Милан, но самиот играч ја одби таа опција со обајснување дека после се што се случувало во минатото сега нема желба да го носи дресот на „росонерите“.
Раиола наводно го понудил на Јувентус, сепак во Јувентус не се љубители на фудбалери со карактер каков што има Марио, иако јасно е дека Балотели повеќе не е истиот од минатото.