Дома Трансфер зона Балотели: Во Интер би се вратил, во Милан не!

Балотели: Во Интер би се вратил, во Милан не!

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели даде интересно интервју за „Газета дело Спорт“.

Балотели игра одлична сезона во Ница, но на крајот на сезоната му завршува договорот, па најверојатно повторно ќе се врати во Серија А.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некогашниот играч на Интер и Милан вели дека би се вратил во Милано, но само во дресот на „нероаѕурите“.

„Во Интер би се вратил сигурно. Тоа е голем клуб и не можеш да му кажеш не, Сепак, мислам дека би имал проблеми со фановите бидејќи сите знаат дека јас сум навивач на Милан“, изјави Балотели.

„Во Милан не би се вратил сега. Немам ништо против клубот и фановите, јас сум еден од нив, но на лош начин заминав од клубот. Би се вратил само доколку Галиани е таму, но бидејќи Галиани нема да се врати…“, заклучи Италијанецот, кој додаде дека би можел да игра за Рома и Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…