Дома Топ вести Балотели води преговори – сака да биде најплатен играч во полуфиналистот од Лигата на шампионите!

Балотели води преговори – сака да биде најплатен играч во полуфиналистот од Лигата на шампионите!

Кон почетокот на годината започна да се шпекулира дека Мино Раиола имал информативен разговор, а сега сето тоа е потврдено – Марио Балотели преговара со Рома!

Балотели ова лето ќе биде слободен играч и сам ќе може да ја избере новата средина, неговата желба е да се врати во Серија А. Се поврзуваше и со уште неколку клубови, но овој момент Рома е најконкретна, но и „Супер Марио“ ги поставил своите услови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наводно, контроверзниот напаѓач сака договор вреден пет милиони евра нето (после даночните одбивања) годишно! Во превод то значи дека сака да биде најплатениот играч на Рома.

Во овој момент најплатен во редовите на „волчицата“ е Един Џеко со 4.5 милиони евра по сезона, зад него следи Наинголан со 4.2 милиони евра…

Сега, прашање е дали Рома ќе си дзоволи себе си да издвои толкава плата за Балотели кој е познат по своите испади надвор од теренот, но треба да се биде искрен и да се констатира дека Балотели во текот на својот престој во Ница целосно го промени менталитетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…