Дома Фудбал Италија Бака јавно се извини: Го носам цел тим на вечера!

Бака јавно се извини: Го носам цел тим на вечера!

Карлос Бака многу брзо свати дека погреши на мечот против Сампродија, па јавно му се извини на тренерот Монтела и на целиот тим.

Имено, Колумбиецот влезе во вербална расправа со тренерот Монтела кога овој го извади од игра во завршницата на мечот со Сампдорија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ја погледнав снимката од натпреварот и сватив дека морав да направам повеќе за тимот. Разговарав со Монтела, сватив дека погрешив и се извинив. Мојата реакција не беше во ред, но бев со жешка глава. Бев лут на самиот себе бидејќи пропуштив неколку шанси да допринесам за резултатот. Разговарав и со раководството па во знак на извинување ќе платам вечера за целиот тим. Тоа е мојата одлука, бидејќи овој тим мора да остане сплотен“, изјави Бака.

„Немам проблем со Монтела. Мојата реакција при излегувањето беше последица на резултатот и фактот дека Сампдорија непосредно пред тоа даде гол од пенал. Веќе следниот ден сватив дека погрешив и се извинив. Моите мисли сега се 100% посветени на следниот натпревар“, додаде Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…