Дома Топ вести Баерн ја „краде“ големата желба на италијанските гиганти

Баерн ја „краде“ големата желба на италијанските гиганти

Баерн Минхен се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер.

24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Бразилецот неодамна го продолжи договорот, но јасно е дека Торино нема да може да го задржи на лето.

Милан, Интер и Јувентус силно го посакуваат дефанзивецот, но сега во трката се вклучи и Баерн Минхен и е спремен да го „украде“ пред носот на италијанските гиганти.

Баварците бараат замена за Никлас Зуле кој заминува на крајот на сезоната и веруваат дека Бремер би бил идеално решение за одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…