Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Напол Виктор Осимен, пренесуваат германските медиуми.
Баварците се во потрага по нов напаѓач кој ќе биде наследник на Левандовски, а раководството верува дека Осимен ќе биде идеален избор.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, но Баварците веќе стапиле во контакт со агентот и сакаат што поскоро да постигнат договор.
Осимен пред две години пристигна во Наполи за 70 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.
Неговиот агент веќе стапил во контакт со Баварците, кои првично се спремни да понудат 90 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.