Баерн Минхен на крајот на сезоната спрема голема „чистка“ и ќе се ослободи од неколку првотимци.
„Билд“ ја објави ексклузивната вест и тврди дека Баварците на лето ќе ги стават на продажба Жером Ботанег, Хави Мартинез и Корентин Толисо. Притоа сигурно е дека нема да го откупи договорите на Кутињо и Перишиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германските медиуми пренесуваат дека Баварците спремаат три големи засилувања за следната сезона, а најголема желба е Лерој Сане.
„Билд“ пренесува дека минатата недела раководството на Баерн имало состанок со агентите на Германецот и трансферот е начелно договорен, а би изнесувал помеѓу 80 и 100 милиони евра.
Покрај Сане, Баерн сака да донесе и двајца дефанзивци, бидејќи тренерот Флик смета дека одбраната е најслаба точка во тимот.