Швајцарскиот репрезентативец и фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија би можел да ја напушти Борусија.
Имено, добрите настапи на овој фудбалер не останаа незабележани, а интерес покажаа неколку клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помеѓу нив е и актуелниот и германски шампион Баерн кој наводно веќе го контактирал швајцарскиот репрезентативец.
Трансферот е планиран за лето, а наводно и самиот Закарија е заинтересиран за трансфер во баварскиот гигант. Кариерата Закарија кариерата ја започна во Сервете, од каде што премина во Јанг Бојс за во 2017 година да дојде во Борусија.