Вердер денес го налути Баерн, па домаќинот до врв им ја наполни мрежата.
Во терминот од 15:30 часот во Бундес лигата беа одиграни пет натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Баерн во Минхен ја оправда улогата на фаворит и го победи Вердер со 6:1.
Поведоа гостите со голот на Рашица во 24. Минута, но Баварците со два брза гола во првата и во четвртата минута од судиското продолжение направија целосен пресврт, погодуваа Кутињо и Левандовски.
Во второто полувреме следуваше вистинска рапсодија на домаќините кои постигнаа уште четири гола. Прво Кутињо убаво го лобуваше голманот во 63.минута за девет минути подоцна Левандовски да го постигне неговиот втор. Потоа погоди Милер, за конечните 6:1 да ги постави Кутињо со едно ремек-дело.
Убедлива беше и Борусија Дортмунд која го доби Мајнц со 4:0. Головите за „милионерите“ ги постигнаа Ројс, Санчо, Азар и Шулц.
Херта запиша минимална победа против Фрајбург, Келн беше подобар од Леверкузен со 2:0, додека Падерборн и Унион ремизираа 1:1.