Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, а последните информации говорат дека трансферот е пред реализиација.
Имнео, Боатенг веќе има договор со „светците“ и го известил раководството на Баварците дека сака да се пресели во Париз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дека трансфер е можен потврди и Ули Хенес кој посочи дека не е целосно сигурен дали Боатенг ќе остане меѓу Баварците и ова лето.
„Шансите да си замине се 50-50. Жером му кажа на Румениге дека сака да си замина. Ако тој тоа навистина го сака, ќе најдеме друг игра затоа што имаме некои алтернативи. Мислам дека ПСЖ е заинтересиран за него. Ние би биле среќни ако Жером остане затоа што тој е фантастичен играч“, изјави претседателот на Баерн Минхен.