Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.
28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.
Ситуацијата ја следат неколку европски гиганти, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето.
Најконкретен е Баерн Минхен кој веќе испратил понуда до агентот на Германецот. Бавараците му нудат 12 милиони евра по сезона, односно двојно повеќе од моменталната плата во Челзи.