Дома Трансфер зона Баерн Минен се откажа од Санчез – Баварците имаат нова стратегија!

Баерн Минен се откажа од Санчез – Баварците имаат нова стратегија!

Ули Хенес, претседателот на Баерн Минхен, потврди дека неговиот клуб се откажа од намерата да го донесе одличниот чилеански фудбалер, Алексис Санчез од Арсенал. Хенес вели дека би било потрешно доколку клубот би платил 100 милиони евра за искусниот играч.

Санчез има уште само една година договор со лондонскиот клуб и во последно време често се споменува со заминување во Баерн Минхен или Манчестер Сити. Хенес со изјава за германските медиуми индиректно ги демантираше гласините за трансферот на Санчез во редовите на германскиот шампион.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Разговараме за реконструкција и планирање на иднината на Баерн. Тоа го правиме со тоа што доведуваме млади играчи измеѓу 20 и 22 години и повторно ги има критичарите. Но, не можеме да го реконструираме тимот со доведување на играчи од 29 или 30 години за 100 милиони евра. Или ќе одиме со овие млади момци, а тогаш мораат да имаат прилика за игра, или нема да одиме“, изјави Хенес.

„Потполно го поддржувам тоа што досега е направено, тоа е задоволително и има смисла. Никлас Шуле, Себастиан Руди, Серж Гнабри и Корентин Толисо, се играчите кои имаат огромен потенцијал за иднината“, додаде Хенес.

Претседателот на Баерн нагласи дека клубот е подготвен да стави млади играчи и доколку треба следниве две или три сезони да биде само шампион на Германија, а потоа да се види тоа што можат да го направат на меѓународно ниво.

Санчез во дресот на репрезентацијата на Чиле одигра 114 натпревари, а со 38 гола е најдобар стрелец во националниот тим на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…