Дома Трансфер зона Баерн го откупува Кутињо и го прави најскап „Баварец“ во историјата

Баерн го откупува Кутињо и го прави најскап „Баварец“ во историјата

Филипе Кутињо ова лето ја напушти Барселона и се пресели во Баерн Минхен на едногодшна позајмица, а на „Алијанц Арената“ повторно ја поврати старата форма.

Добрите игри го натераа баварскиот гигант да ја активира откупната клаузула кои стои во договорот на Бразилецот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Германските медиуми ја пренесуваат информацијата дека одлуката е донесена и дека управата на Баерн одлучила да го откупи Кутињо за 120 милиони евра.

Со тоа Кутињо ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Баерн, но со оглед дека за кратко време се прилагоди и пружа одлични партии, тоа нема да биде воопшто чудно.

„Кога ја поседува топката тој изгледа како да танцува со неа. Во секој момент знае што сака да направи и каде да ја испрати топката. Феноменален е.“, изјави тренерот Нико Ковач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…