Дома Трансфер зона Баерн го „краде“ големиот талент пред носот на италијанските гиганти

Баерн го „краде“ големиот талент пред носот на италијанските гиганти

Николо Заниоло оваа сезона е најголемо откритие во Серија А и го привлече вниманието на голем број европски гиганти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


19-годишниот офанзивен играч за врска ова лето пристигна во Рома и во својата прва сезона на „Олимпико“ буквално „експлодира“ па дури и доби повик за италијанската репрезентација.

Цената на Заниоло вртоглаво порасна оваа сезона, а Италија се чини конечно доби играч кој ќе може да блеска во репрезентацијата во наредните десетина години.

За него силен интерес покажа Јуветус, кој не крие дека сака да го види Заниоло во своите редови, но сега доби силна конкуренција во Баерн Минхен.

Баварците спремаат реконструкција на тимот и еден од играчите кои ова лето скааат да ги донесат на „Алијанц Арена“ е токму Заниоло. „Билд“ пренесува дека Баерн спремил понуда од 50 милиони евра и наскоро ќе ја испрати понудата во Рим.

Спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ го потврди интересот, но не сакаше да открива детали.

Рома ќе се обиде по секоја цена да го задржи својот „бисер“, но доколку не успее, сигурно ќе преферира да го продаде во Баерн, наместо во редовите на големиот конкурент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…