На 7 јуни Баерн го потврди доаѓањето на младите напаѓачи Морис Кратенмахер (18) и Гибсон Нана Аду (16) од третолигашот Унтерхахинг. Станува збор за играчи кои, наводно, пристигнале за неколку милиони евра и кои веднаш треба да заминат на позајмица. Но, првото големо ново име во ерата на новиот тренер Винсент Компани би можел да стане централниот играч за врска на Фулам, Жоао Палиња (28).
Врвниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо откри дека Компани го одобрил доаѓањето на Палиња и верува дека тој ќе биде „одлично и неопходно засилување“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Колегата на Романо, Флоријан Плетенберг, кој работи за германски Скај, објави дека Палиња се договорил за плата и други услови со Баерн, кој веќе има подготвено договор за него до 2028 или 2029 година. Баерн за овој трансфер треба да му плати на Фулам 40-45 милиони евра.