Дома Фудбал Германија Баерн ги потврди лошите вести: Еден од најважните паузира 8 до 10 месеци!

Баерн ги потврди лошите вести: Еден од најважните паузира 8 до 10 месеци!

Баерн имаше лош натпревар после враќањето од репрезентативната пауза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците испуштија два бода на гостувањето кај Аугусбург (2:2), а во 12-тата минута останаа без еден од најважните играчи во одбраната, Суле.

Стоперот на Баерн незгодно доскокна и веднаш се фати за левото колено со болна гримаса на лицето. Остана да лежи на подот и на негово место во игра влезе Алаба.

Клубот денес официјално потврди дека станува збор за повреда од сериозен карактер како и што се претпоставуваше. Суле мора на операција и ќе биде надвор од терените помеѓу осум и десет месеци.

Инаку, Суле во кариерата имаше една потешка повреда, во сезоната 2014/2015 кога го носеше дресот на Хофенхајм. Тогаш беше надвор од терените 203 дена и пропушти 22 натпревари на германскиот прволигаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…