Дома Трансфер зона Баерн бара замена за Левандовски – ова се можните опции!

Баерн бара замена за Левандовски – ова се можните опции!

Откако Роберт Левендовски се пожали дека е уморен да игра на секои три дена, раководството на Баерн ќе се обиде да донесе замена за полскиот голгетер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левандовски отворено се пожали што нема замена во тимот и побара од раководството да донесе уште еден напаѓач, а Баварците веднаш ќе му ја исполнат желбата.

Денес германските медуми открија неколку имиња на напаѓачи кои се наоѓаат на списокот на Баерн Минхен. Некогашната ѕвезда на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е една од опциите, а покрај него на списокот се наоѓаат уште Марио Гомез, Стефан Квислинг и младиот напаѓач на Ајакс, Каспер Долберг.

Иако во медиумите се споменуваше и името на Един Џеко, сепак Босанецот е преголем залак за зимскиот преоден рок, притоа напаѓачот на Рома нема да се согласи да биде ничија резерва.

Најсериозен кандидат за заменик на Левандовски е актуелниот напаѓач на Баер Леверкузен, Стефан Квислинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…