Кошаркарската Федерација денеска го официјализира спонзорскиот договор со клиничката болница „Аџибадем Систина“, претставувајќи ја како нов медицински партнер на Федерацијата.
Како здравствена институција која е лидер во превенција и третман на спортските повреди, болницата со сите свои ресурси ќе се грижи за здравјето на играчите од машката и женската сениорска репрезентација како и од младинските кошаркарски репрезентации. Спортските прегледи на репрезентативците ќе се одвиваат во првиот најмодерен спортски центар Premium Sport Center.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува збор за најсовремениот и најмодерно опремен центар за здрав живот во земјава кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот – физикална медицина и рехабилитација, нутриција и во него работи докажен тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство зад себе.
Претседателот на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, денеска го посети Центарот за здрав живот – Premium Sport Center и се запозна со капацитетите, можностите и опремата со која располага првиот специјализиран центар од ваков вид во земјава. Неговите впечатоци се дека токму тука македонските кошаркари ќе добијат најпрофесионална подготовка за да се дадат максимални спортски резултати на терен.
„Како федерација сме презадоволни што остваривме соработка со Клиничката болница `Аџибадем Систина`. Голема благодарност до директорот Ѓун Ѓунсој и до мојот драг пријател Јордан Камчев, без кого ова немаше да се оствари. Овој спортски центар има буквално сè што му е потребно на еден спортист. Играчите ќе имаат можност да ја подобрат својата подготвеност, побрзо од било кое друго место, и да не заборавиме дека центарот ги има сите најмодерни апаратури кои ќе овозможат побрзо опоравување при евентуална повреда“, изјави Перо Антиќ.
„Ние, како Клиничка болница `Аџибадем Систина` силно веруваме во успехот на кошаркарите и ја вреднуваме посветеноста која ја има Кошаркарската федерација. Очекуваме во блиска иднина повторно да направат голем успех сличен како оној спортски `земјотрес` во 2011 година на Европското во Литванија. Нам ни е особено важно да се поддржува и помага спортот, затоа што тоа е навистина додадена вредност за граѓаните и државата. Како болница сме силно посветени и секако и во иднина ќе се грижиме за нивната подготвеност. Спортските прегледи на репрезентативците ќе се одвиваат во првиот најмодерен спортски центар Premium Sport Center. “, изјави Ѓун Ѓунсој, главен извршен директор на Клиничка болница „Аџибадем Систина“.
Повеќе од една деценија, Аџибадем Систина благодарение на експертизата на медицинскиот персонал е водечки центар во Македонија, а и пошироко кога станува збор за правилно водење на здрав живот на спортистите, превенција од евентуални спортски повреди и нивен третман на највисоко ниво.