Дома Трансфер зона Ајакс потврди: Де Лихт чека трансфер!

Ајакс потврди: Де Лихт чека трансфер!

Матијас Де Лихт не е во тренинг кампот на Ајакс и го чека трансферот најверојатно во Јувентус.

И претходно се шпекулираше дека Де Лихт нема да отпатува на припремите во Австрија со остатокот од тимот, а официјалната страна на холандскиот шампион сега дадоа одговор на прашањето за причините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Матијас Де Лихт го чека потенцијалниот трансфер, нема да патува со тимот“, порачаа од Ајакс.

Овие информации пристигнуваат откако претходно холандските и и талијанските медиуми (Де Телеграф, Скај Италија…) соопштија дека Јувентус постигнал договор со Ајакс за сума од 70 милиони евра.

Се очекува Де Лихт во следните 48 часа да пристигне во Торино каде што ќе ги помине лекарските прегледи, а потоа ќе потпише договор со Јувентус.

Според информациите Де Лихт во Торино ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…