Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард се наоѓа на мета на Ајакс, а во овој момент тој игра на позајмица во Витесе од редовите на Реал Мадрид.
Секако, шпанскиот клуб ќе го има конечниот збор за тоа дали на Одегард ќе му биде дозволено да замине. Договорот на Одегард со Реал Мадрид има важност до 2021 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одегард во 2015 година за три милиони евра пристигна во Реал Мадрид од редовите на Стромгест, но иако се најавуваше како голем талент сепак не успеа да ги опрада очекувањата и брзо Реал го испрати во резервите, а сега е позајмен во Холандија.
Наводно интерес за Одегард сега покажал Аајакс кој неодамна го исфрли Реал од Лигата на шмпионите. Според некои информации холандскиот клуб е спремен да плати 20 милиони евра.
„Се обидувам да не посветувам внимание на тоа. Морам да играм добро и да постигнувам голови. Ако тоа го направам клубовите ќе ме следат и на лето ќе одлучам каде ќе играм. Ајакс секако е добар клуб“, изјави Одегард кој потоа ја прокоментира сумата која се споменуваше во медиумите.
„Мислам дека тоа е премногу. Не мислам дека некој мора да плати толку многу. Мојот агент разговара со луѓето во Мадрид, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Одегард.