Eкипата на Ајакс го договори првото засилување за зимскиот преоден рок.
Станува збор за 19-годишниот холандски напаѓач Брајан Броби кој во овој момент е член на Лајпциг. Според последните информации тој на Ајакс ќе се придружи за вториот дел од сезоната како позајемн играч, но без опција за откуп. Тоа значи дека ако нема договор во меѓувреме ќе се врати во германскиот клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ќе потсетиме, Броби во јули оваа година токму од Ајакс премина во Лајпциг и до овој момент на 14 натпревари во сите натпреварувања подели три асистенции.
Така Ајакс не би требало да има проблемо неиграњето на Себастијан Халер ој ќе биде дел од Афричкиот куп на Нации со Брегот на Слоновата коска.
Во овој момент Ајакс е второпласиран во холандското првенство со 42 бода, бод помалку од лидерот ПСВ. Треба да се спомене дека со 18 примени голови ја имаат една од најдобрите одбрани во Европа.