Атрактивната Нивес Целзиус продолжи да ја поддржува репрезентацијата на Хрватска.
Нивес во текот на целиот Мундијал беше голема поддршка за „коцкестите“, а сигурно така ќе биде и во утрешниот натпревар кога селекцијата на Хрватска ќе игра против Англија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тоа Нивес уште еднаш го докажа со нова провокативна фотографија со која испрати понуда до англискиот репрезентативец Рубен Лофтус Чик, кој очигледно е „нејзин тип“.
„Драг Рубен. Ти си како кукла. Толку си сладок и преубаво е е да се гледа Англија, не само поради фудбалот, туку и поради секој милсекунда кога ти си во центарот на вниманието. Толку си преубав кога се смееше и тоа сигурно е една од причините зошто девојките навиваа за Англија. Но, жал ни е. Во наредниот натпревар не сакаме да се смееш. Хрватска е мала држава. Ги имаме најубавите природни жени на светот, а ниту мажите не заостануваат многу. Имаме преубави мориња, реки, планини и природа на која не и се радуваме како што би требало. Причината е поради тоа што поголемиот дел од населението размислува за тоа како ќе ги плати сметките секој месец. Дали да се откаже од лебот, млекото или греењето“, напиша помеѓу другото Нивес и ја искористи приликата да испрати да испрати понуда во која ја вклучи и дебојката на Деле Али, преубавата Руби.
„Драги Англичани, жал ни е, но Хрватска мора да биде светски шампион бидејќи тоа го заслуживме. Жал ми е Рубен, но сигурна сум дека си подеднакво сладок и кога плачеш. За твој удобност би ти ја препорачала нашата природа. Зами ја со себе и девојката на Али, неа исто така ја сакаме. Ти ветувам дека ќе бидеме добри домаќини“…