Дома Трансфер зона Атлетико спремен да го продаде Саул Нигез, позната цената

Атлетико спремен да го продаде Саул Нигез, позната цената

Раководството на Атлетико Мадрид е спремно да се раздели со играчот за врска Саул Нигез, пренесува „АС“.

26-годишниот фудбалер не одигра добра сезона и во еден момент го загуби местото во првиот тим, па е спремен да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Саул Нигез го известил раководството дека сака да направи трансфер ова лето, а Атлетико е спремен да ги слушне понудите.

Баерн Минхен во моментов покажува најсериозен интерес за Саул Нигез, но ситуацијата ја следат и Манчестер Јунајтед, Сити и Челзи.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Како негова замена во Атлетико Мадрид се очекува да пристигне Родриго де Паул, чиј трансфер е веќе договорен за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…