Претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Серезо ги израдува навивачите на клубот и потврди дека голманот Јан Облак потпишал нов договор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Доколку тоа досега не беше јасно, Облак го продолжи договорот“, рече Серезо без да соопшти какви било други детали од договорот на Словенецот.
Јан Облак е еден од најдобрите светски голмани, па многу европски гиганти, пред се ПСЖ, покажуваа сериозен интерес за неговиот потпис.
Во минатиот договор на Облак имаше откупна клаузула од 100 милиони евра, која „светците“ беа спремни да ја платат.
Се уште не се откриени деталите од новиот договор и колку ќе изнесува новата откупна клаузула.