Дома Фудбал Атлетико провоцира: „Енфилд“ е толку стар, што не би поминал ни технички преглед!

Атлетико провоцира: „Енфилд“ е толку стар, што не би поминал ни технички преглед!

Атлетико Мадрид синоќа го совлада Ливерпул со 1:0 во осминафиналето од ЛШ, а за три недели „јорганџиите“ ќе гостуваат на „Енфилд“.

„Енфилд“ важи за стадион со најдобрата атмосфера во Англија, па многумина сметаат дека тоа ќе биде голема предност за Ливерпул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, првиот човек на Атлетико, Енрике Серезо за да ги испровоцира „црвените“ во однос на нивиот стадион.

„Кој ќе удри прв, удира двапати. Да се види навивачите како го поддржуваат нашиот тим е неверојатно. Тоа беше шоу. Енфилд е голем стадон, но стар, не би поминал ни технички преглед“, изјави Серезо.

„Енфилд“ е изграден во далечната 1884 година, а осум година подоцна стана домаќин на натпреварите на Ливерпул. Последен пат беше реновиран во 2016 година, кога капацитетот беше зголемен на 54.074 седишта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона „фрли око“ на дефанзивец на Интер

Барселона сериозно размислува за засилување на одбраната во летниот преоден рок, а на врво…