Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид го потврди изненадувачкиот трансфер!

Атлетико Мадрид го потврди изненадувачкиот трансфер!

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо потврди дека Јаник Караско готово сигурно ќе го напушти клубот за да се пресели во кинескиот Далиан Ифан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Крилниот напаѓач беше изваден од групата на фудбалери кои е во конкуренција за денешниот меч против Копенхаген во Лига Европа, а за да може да го комплетира трансферот.

Се очекува трансферот да изнесува 30 милиони евра, од кои 25% ќе завршат во касата на неговиот поранешен клуб – Монако.

Во тековната сезона Караско запиша 28 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 7 асистенции.

Меѓутоа, Белгиецот има „тежок“ карактер, прави проблеми во соблекувалната, па поради тоа Атлетико му ја отвори излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…