Aктуелниот шампион на Европа не го изгуби само трофејот…
И такво нешто мораше да се случи – Реал Мадрид го изгуби првото континтално финале после 18 години!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атлетико вчера вечерв во Талин ги совлада „кралевите“ после продолженија во финалето на Суперкупот и на тој начин прекина неверојатна низа на градскиот ривал.
Реал Мадрид последното континентално финале го изгуби на 18 ноември 2000 година од Бока Јуниорс во Интерконтиненталниот куп.
Од тој момент паѓаа: Леверкузен, Фејенорд, Олимпија, Атлетико Мадрид, Севилја, Сан Лоренцо, Кашима, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Гремио и Ливерпул.