Дома Фудбал Аталанта има нови сопственици: Целта ќе биде да се бориме за титули!

Аталанта има нови сопственици: Целта ќе биде да се бориме за титули!

Се е завршено, италијанска Аталанта има нови сопственици.

Тоа што со денови се најавуваше сега доби и потврда. Американските инвеститори станаа сопственици на клубот кој во изминатите години им пркоси на фаворитите во Серија А.

На чело на инвеститорите од САД е Стефен Паљука, кој е ко-сопственик на НБА тимот Бостон Селтикси.

„Аталанта и Бостон делат исти вредности. Нашата задача ќе биде да ги зголемиме приходите, но и да станеме кандидати за титули, како во Италија, така и во Европа. Фондот е способен да ги поддржи таквите амбиции“, изјави Паљука.

Аталанта оваа сезона е на петтата позиција на табелата во Серија А со 44 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…