Италијанската Влада наскоро ќе донесе одлука да се вакцинираат сите играчи во Италија и тоа ќе биде обврска. Додека не се донесе таа одлука Аталанта преземе мерки во своите редови.
Според пишувањето на италијанските медиуми клубот од Бергамо одлучил играчите кои не се вакцинирани да патуваат одвоено од тимот, но и да бидат сместени во друг хотел. Се очекуваше Владата во Италија на 10. јануари да донесе закон за обврска за вакцинација за сите играчи, но тоа е одложено, меѓутоа се очекува да се реши брзо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во октомври 2021 година објавено беше дека 98% од фудбалерите во Серија А ќе бидат вакцинирани.
Ќе потсетиме, француската влада неодамна потврди дека во земјата можат да влезат само вакцинирани спортисти, па ќе видиме како се ќе се решава со натпреварите во Лигата на шампионите каде што има екипи кои имаат невакцинирани играчи.