Дома Фудбал Асенсио ја „префрла топката“: Не сум јас лидер, има играчи со подобар статус

Асенсио ја „префрла топката“: Не сум јас лидер, има играчи со подобар статус

Напаѓачот од кого навивачите на Реал Мадрид имаат големи очекувања, Марко Асенсио даде една интересна изјава.

Реал Мадрид на стартот од сезоната под водство на Лопетеги играше навистина лошо, но сега кога ги превзема Сантијаго Солари работите започнаа да се подобруваат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марко Асенсио сега на некој начин ја префрли вината на кризата кај неговите постари соиграчи.

„Не сум јас одговорен за кризата во Реал. Не треба да јас бидам лидерот. Во клубот има постари и поискусни играчи со подобар статус од мене. Тоа треба да го направат тие, а не јас“, изјави Асенсио.

Шпанецот порача и дека тимот не заслужува толку остри критики од јавноста.

„Јасно ми е како функционира новинарството и не ми паѓа на памет сите новинари да ги ставам во исти кош, но некои од текстовите кои ги прочитав беа навистина навредливи“, заклучи 22 годишнниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави нов кандидат за тренер на Баерн

Иaкo во Шпанија се појавија информации дека Зинедин Зидан е на чекор до тренер на Баерн од…