Реал Мадрид е спремен да го продаде Марко Асенсио, па неколку заинтересирани клубови веќе работат на трансферот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Килијан Мбапе и се убедени дека само прашање на време е кога Французинот ќе пристигне во Мадрид, па поради тоа се спремни да го продадат Асенсио.




Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот.




Најсилен интерес за Шпанецот покажуваат англиските гиганти Ливерпул и Арсенал, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Покрај нив, интерес за Асенсио покажуваат уште Милан, Јувентус и Тотенхем.




Споменатите клубови веќе ја започнаа трката за неговиот потпис и не е исклучено Шпанецот уште во јануари да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.