Дома Трансфер зона Артур може да си оди, Јувентус најде замена

Артур може да си оди, Јувентус најде замена

Бразилскиот фудбалер Артур Мело пристигна во Јувентус како скапо платено засилување, но не ги оправда очекувањата.

Артур требаше да биде големо засилување, но воопшто не се снајде во Јувентус, па клубот сака што побрзо да се ослободи од него.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е спремен да го испрати на 18-месечна позајмица со право на откуп.

Алегри воопшто не смета на Бразилецот, а „бјанконерите“ наводно веќе нашле негова замена.

Станува збор за фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија. Швајцарецот може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на италијанскиот гигант.

Неговиот договор со Мехенглабах завршува на лето, но Јувентус е спремен да го донесе во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…