Дома Фудбал Артета презадоволен од доаѓањето на Томас Парти

Артета презадоволен од доаѓањето на Томас Парти

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не го криеше задоволеството од новото засилување Томас Парти.

Играчот за врска пристигна во последниот ден од преодниот рок, а беше голема желба на тренерот Артета бидејќи е поливалентен играч и може да игра на повеќе позиции во тимот.

„Ние бевме заинтересирани за него неколку месеци и го следевме неговиот напредок. Мислам дека тој ги има сите потребни квалитети за да стане важен играч за нас – сила, техника, карактер. Можеме да го користиме во различни шеми и секогаш да биде корисен. Имам неколку идеи што сакам да ги развијам и Томас ќе ми даде повеќе можности во овој поглед. Со него ќе можеме да уживаме во подобар баланс во преминот од одбрана во напад“, изјави Артета.

Арсенал за неговиот потпис плати 50 милиони евра, колку што беше неговата откупна клаузула во Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…