Арсенал е силно заинтересиран за новата ѕвезда на Лил, Николас Пепе, пренесуваат англиските медиуми.
Пепе оваа сезона игра фантастично во дресот на Лил и го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Лион во летниот преоден рок понуди 26 милиони фунти, но понудата беше одбиена.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Топџиите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и наводно спремиле понуда од 30 милиони фунти за крилниот напаѓач.
20-годишниот репрезентативец на Брегот на слоновата коста игра одлично во дресот на Лил каде на 40 настапи постигна 17 гола.
Интерес за Пепе покажуваат уште Барселона, Севиља и Тотенхем, но Арсенал во моментов е најблиску до неговиот потпис.