Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде засилување на нападот и доведување на нов врвен напаѓач.
Арсенал од поодамна ги следи Виктор Осимен и Душан Влаховиќ, а најново име на списокот е напаѓачот на Њукасл, Александар Исак.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исак, чиј договор истекува во јуни 2028 година, е еден од најдбрите играчи на Њукасл, кој на „Сент Џејмс Парк“ во 2022 година пристигна за 70 милиони фунти.
Меѓутоа, Швеѓанецот сака да игра во Лигата на шампиони, па е спремен да ја промени средината, а Арсенал е спремен да понуди 80 милиони фунти за неговиот потпис.