Раководството на Арсенал подготвува понуда за напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, пренесува „Репубика“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милик има уште една година од договорот, па ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а силен интерес за неговиот потпис покажува и Јувентус.
Според медиумите, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја одбил понудата на Јувентус, затоа што не сака да го зајакне конкурентот. Поради тоа Наполи е спремен да понуди попуст на клубовите од Премиер лигата, а Арсенал сака да ја искористи таквата ситуација.
Арсенал ќе прави реконструкција на нападот ова лето и смета дека Милик би бил идеално решение. Меѓутоа, треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Полјакот интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Во тековната сезона, Милик има одиграно 22 натпревари во сите натпреварувња, на кои постигна 12 голови.