Арсенал е заинтересиран за играчот за врска на Лајпциг, Тејлор Адамс, пренесува „Билд“.
„Топџиите“ го сакаат 22-годишниот Американец уште во зимскиот преоден рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во договорот на Адамс има откупна клаузула од 40 милиони евра, но Арсенал сака да ја намали таа сума преку преговори.
Адамс е поливалентен играч кој може да игра на сите позиции во средниот ред, но и во дефанзива.
Лајпциг го купи Адамс од Њујорк Ред Бул во јануари 2019 година за 3 милиони евра, но неговата цена неколкукратно порасно.
Коментари