Арсенал е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња, пренесуваат англиските медиуми.
Откако ја загубија битката за Микаило Мудрик, „топџиите“ се спремни буцетот да го потрошат за бразилскиот репрезентативец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат.
Арсенал го сакаше Бразилецот и минатото лето додека играше за Лидс, па сега гледа идеална шанса за негов ангажман.
Барселона не би имала против да го продаде Бразилецот за да си ја подобри финансиската состојба и сака да ги врати вложените пари за него.
🚨 Arsenal have made contact with Barcelona over a move for Raphinha.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 14, 2023
The Gunners were after the Brazilian in the summer and now see a chance to finally get their man.
(Source: @tancredipalmeri)