Дома Трансфер зона Арсенал се засилува во јануари – откриена првата мета

Арсенал се засилува во јануари – откриена првата мета

Арсенал оваа сезона игра под своите очекувања и моментално се наоѓа на 6-то место на табелата во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа тренерот Унаи Емери сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а основна цел ќе биде засиливање на одбраната.

Англиските медиуми пренесуваат дека главна мета на „топџиите“ во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Виљареал, Пау Гомез.

22-годишниот Гомез веќе подолго време е следен од скаутите на Арсенал, кои дале позитивни забелешки и сметаат дека ќе биде засилување за иднината на тимот.

Дефанзивецот во својот договор со Виљареал има откупна клаузула од 43 милиони фунти, но Арсенал не е спремен да плати толкава сума за неговиот потпис.

„Топџиите“ наскоро ќе започнат преговори со Виљареал и ќе испратат првична понуда од 30 милиони евра, сума која се надеваар дека ќе ги задоволи апетитите на „жолтата подморница“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…