Дома Трансфер зона Арсенал сака да го откупи Одегард

Арсенал сака да го откупи Одегард

Норвешкито фудбалер Мартин Одегард кон крајот на јанаури го напушти Реал Мадрид и премина на позајмица во редовите на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одегард во Реал Мадрид се врати минатото лето од позајмицата од Сосиедад и остана во првиот тим, но во првиот дел од сезоната не се наигра многу и затоа одлучи да го напушти клубот.

Одегард фантастично се вклопи во тимот на Артета, па „топџиите“ сакаат да го задржат на перманентна основа, иако во договорот немаат опција за откуп.

Арсенал наскоро ќе започне преговори со Реал Мадрид за откуп на Норвежанецот, кој и самиот преферира да остане во Лондон.

Неговата цена во моментов е околу 30 милиони евра, но последниот збор за трансферот ќе го има тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…