Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор на позицијата лев бек по заминувањето на Марсело.
Но, Meнди имаше и многу проблеми со повредите, па поради тоа Реал Мадрид се обидува да го доведе Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен кој според последните информации е и блиску до потпис со „кралевите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Лекип“ денеска пренесува дека Менди е фудбалер кој останува без договор и кој е на мета на три англиски тима и тоа Арсенал, Ливерпул и Њукасл, меѓутоа најголеми шанси им се даваат на „топџиите“.
Њукасл има убедливо најмали шанси, имајќи предвид дека е извесно дека следната сезона нема да ги гледаме во Лигата на шампионите, додека Ливерпул засега не тргнал во сериозна офанзива.
Како и да е во Реал, се чека конечниот развојот на ситуацијата, Баерн му понуди нов договор на Дејвис, но тој е далеку од потпис поради преговорите со Реал Мадрид.