Тимот на Арсенал ќе се засили со фудбалер на Порто.
Според информациите на Фабрицио Романо, Арсенал и Порто постигнале договор, според кој Фабио Виеира ќе премине на „Емирати“ за 40 милиони евра. Романо додава дека Виеира ќе потпише договор до 2027 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Виеира игра како централен играч за врска, има само 22 години, а го краси одличен шут и игра во финалето. Зад себе тој има одлична сезона во која одигра 39 натпревари на кои постигна седум гола со дури 16 асистенции. Микел Артета верува дека е вистинското засилување за средниот ред.
Arsenal have reached full agreement with Porto for Fábio Vieira, here we go! Proposal has been accepted as reported before. ⚪️🔴🤝 #AFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 16, 2022
Personal terms also completed, contract until June 2027. Vieira will undergo medical tests on Friday.@pedromsepulveda news confirmed 🇵🇹🤝 pic.twitter.com/VOnhbHu3E8