Шпанскиот плејмејкер, Иско најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид во зимскиот преоден рок.
Иско не е во плановите на Карло Анчелоти и добива мала минутажа, па донесе конечна одлука да го напушти „кралскиот“ клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми од извори блиски до фудбалерот пренесуваат дека Иско веќе се договорил со Арсенал, кој му ветува дека ќе има важна улога во тимот.
„Топџиите“ можат да го донесат следното лето како слободен агент, но сакаат да го реализираат трансферот уште во јануари за симболична сума.
Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал започнал преговори со Реал, но ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Шпанецот интерес покажува и Њукасл.