Реал Мадрид нема намера да се раздели со Мартин Одегард на перманентна основа.
Младиот играч за врска игра на позајмица во Арсенал, каде се претставува одлично, па „топџиите“ изразија желба да го откупат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
22-годишниот Норвежанец одлично се вклопи во Премиер лигата, а во Реал Мадрид не добиваше голема минутажа.
„Топџиите“ сакаат да го откупат на лето Одегард и веќе стапиле во контакт со Реал Мадрид.
Според „Марка“ Реал Мадрид не сака да се раздели со Одегард и смета дека тој е иднина на „кралскиот“ тим.
Па веќе го известил Арсенал дека на лето сака да го врати Норвежанецот на „Сантиаго Бернабеу“.